Секојдневието со кое се соочуваме е се поголем број на запоставени, болни и напуштени миленици во Битола. Сопствениците пред да земат милениче во својот дом недоволно се информирани за правилната нега и огледување на милениците како и позитивните ефекти од методите на стерилизација и кастрација. Поради тоа моментално се соочуваме со проблемот на напуштени миленици и се поголем број на бездомни животни во градот.
Затоа започна акцијата “Стерилизирај го својот миленик“ позади која стојат Здружението за заштита на животните “Мали херои“ од Битола во соработка со Фондација “Бибевски“ од САД.
-Ние како здружение за заштита на животните и животната средина чија главна цел е застапување на правата на животните и намалување на бројот на бездомни животни преку поттикнивање на вдомување, наша облигација е да ги запознаеме луѓето со обврските кои следуваат со вдомувањето на милениче. Исто така поради недоволната запознаеност со мерките на стерилизација и кастрација се поголем е бројот на мали напуштени животни. Резултат на тоа е зголемениот процент на бездомни животни во Битола и Македонија. Со реализацијата на овој проект ќе придонесеме за поголема информираност на граѓаните во тој поглед. Со тоа ќе придонесеме за намалување на бројот на запоставени, напуштени и бездомни животни меѓу кои се шират голем број на болести. Со примена на предвидените мерки воедно ке овозможиме почиста и поздрава животна средина, изјави Светлана Марковска, од здружението “Мали Херои“.
Фондацијата “Бибевски“, со седиште во САД, формирана од Стив Бибевски, познат американски детски кардио-хирург со македонското потекло и неговата сопруга, американката Џенифер Бибевски , која по професија е ветеринар последните две години интензивно работат на личен проект за намалување на бројот на бездомни кучиња на територијата на градот Битола, на подигнување на свеста на сопствениците на домашни миленици за стерилизација/кастрација на истите како и на едукација во областа на правилна грижа за домашните миленици и бездомните животни. Затоа се партнери во оваа заедничка акција.
-Имаме ниско ниво на информираност на сопствениците на миленици за тоа како треба правилно да се грижат за нив, за нивната редовна хигиена и нивното здравје, недоволната запознаеност со мерките на стерилизација и кастрација, која подоцна доведува до се поголем е бројот на напуштени животни. Резултат на тоа е зголемениот процент на бездомни животни во Битола и Македонија. Затоа интензивно работиме на мерки за надминување на посточените проблеми. Изработивме едукативен печатен материјал и истиот го дистрибуираме буквално до секој дом во Битола. Искористете ја приликата за субвенционираните стерилизации од страна на фондацијата “Бибевски“ кои ќе се одвиваат за домашни нерасни кучиња на територита на град Битола, изјави Јулијана Силјановска, претседател на фондацијата Бибевски.
За подигнување на ваучер за субвенционирана стерилизиација можете да ги контактирате двете организации преку социјалните медиуми. Со оваа акција за субвенционирани стреилизации и кампањата за погигање на свеста кај сопствениците воедно ке се зголеми и одговорноста на истите за здрав и квалитетен живот на нивното милениче и одговорноста спрема животната средина.

“Мали херои“ од Битола и фондација “Бибевски“ од САД со акција “Стерилизирај го својот миленик“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: битолчанец крадел нафта, полицијата го приведе
- Во Битола променливо облачно и нестабилно, температурата до 20 степени
- Дождот ја расипа втората вечер на винскиот фестивал во Битола, организаторите очекуваат кулминација утре (фотогалерија)
- КК Пелистер: дојдете во сала, поддршка е потребна во полуфиналето против МЗТ
- Еурофарм Пелистер лесно до бодови против Бутел во Битола





