Press "Enter" to skip to content

Неславен рекорд за Битола, денес 10 новозаболени од вкупно 364, оздравени четворица од ковид-19

Во последните 24 часа во Битола се регистрирани 10 новозаболени од ковид-19, што е најголема бројка на заразени во еден ден од почетокот на кризата.

За денес се регистрирани и 4 оздравени пациенти во Битола.

Инаку, се направени 2.140 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на ковид-19.

Починати се 3 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 106 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 201.512 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19.777, бројката на оздравени пациенти е 15.855, на починати е 775, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.147.