Во последните 24 часа во Битола се регистрирани рекорден број на новозаболени, вкупно 13, што е најголем број на дневна основа. Денес, за жел бележиме и еден починат на возраст од 44 години.
Во Битола денес има и шест оздравени пациенти заболени од ковид-19.
Инаку, во последното деноноќие се направени 2.267 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи на ковид-19.
Починати се 6 лица, од кои еден пациент од Битола на 44 години, што е трет смртен случај во Битола од почетокот на корона кризата.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од кои во Битола 6.
Досега во земјата се направени вкупно 203.779 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.163, бројката на оздравени пациенти е 16.009, на починати е 781, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.373.






