Press "Enter" to skip to content

Писмото на ученичката Јана од Битола, напишано до возрасен, првонаградено на денот на Поштата

Јана Поповска, од ОУ “Елпида Караманди“ од Битола е првонаградена на 49. конкурс „Напиши порака на возрасен за светот во кој живееме“, со наслов “Добар ден, добар човеку!“ , кое Јана го напиша на 20 март, за време на органичувањето движењето поради пандемијата.

Конкурсот го спроведе македонската Пошта во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на децата, како дел од активностите за одбележување на Светскиот ден на поштите, а Јана Поповска ќе добие парична награда, а писмото е испратено во седиштето на Светскиот поштенски сојуз во Берн, каде се натпреваруваше со други млади од целиот свет.

Поради ковид пандемијата оваа година прв пат, во организација на Светскиот поштенски Сојуз (UPU), прославата за Светскиот ден на поштите – 9. Октомври, ќе се одржи виртуелно, објави МИА.