Press "Enter" to skip to content

Прес на СДСМ за стартот на школската година

Почитувани сограѓани,

Изминува една недела од почетокот на учебната година која ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА стартуваше во необични услови и со нови Ковид правила. И во вакви тешки времиња, докажавме одговорност и дека можеме и знаеме да се справиме со предизвиците.

Локалната власт и градоначалничката Наташа Петровска издвои скоро 129 илјади евра, за подобро и поквалитетно изведување на новиот модел на настава. Со овие пари, училиштата обезбедија 292 компјутери за наставниците, 67 мерачи за температура и брз интернет.

Не сакаме ни да помислиме што ќе се случеше доколку во вакви околности училиштата останеа со блокирани сметки.Власта предводена од СДСМ не дозволи и нема да дозволи игра со иднината на нашиот подмладок и затоа за две години врати 4,3 милиони евра долг на битолските училишта и инвестираше дополнителни 1,3 милиони евра во реконструктивни зафати.

И не застануваме тука. Со нови проекти продолжуваме со вложување во образованието и безбеден образовен процес. За тоа, сите треба да понесеме дел од одговорноста. Да ги почитуваме здравствените протоколи и да придонесеме ситуацијата со Ковид 19 во училиштата да остане стабилна, а во општината под контрола, рече портпаролот на ОО на СДСМ од Битола, Невена Димовска.

More from ВестиMore posts in Вести »