Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“: сабота, недела и понеделник улицата “Димитар Илиевски – Мурато“ во Битола ќе биде затворена од 9 до 15 часот

ЈКП “Водовод“ – Битола, ги известува возачите дека улицата “Димитар Илиевски – Мурато“ во Битола, во деновите утре – сабота, недела и понеделник ќе биде затворена за движење на сообраќајот во периодот од 9 до 15 часот.

Затворањето е поради продолжување на санацијата на настанатите дефекти, како и за решавање на проблемот со истекување на водата.

Исто така ќе се работи на нови приклучоци на корисниците, како подготвителна фаза пред комплетната санација на улицата “Димитар Илиевски – Мурато“ во Битола.

 
 
 
 
More from ВестиMore posts in Вести »