Press "Enter" to skip to content

ЕСМ ги продолжи стипендиите на 29 студенти, меѓу нив и студенти од УКЛО-Битола

АД ЕСМ го продолжи стипендирањето на 29 студенти од различни години на високото образование од четири државни универзитети, односно од државните универзитети во  Скопје, Битола, Штип и во Тетово. Услов за продолжување на стипендирањето е студентите секоја година да го задржат бараниот просек, кој резултат стипендистите редовно го исполнуваат.

Во изминатите денови дел од студентите веќе ги потпишаа договорите и истото беше извршено согласно законските мерки за заштита од КОВИД 19, се со цел на студентите да им се исплатат средствата неопходни за нивните секојдневни трошоци поврзани со образовниот процес.

Почнувајќи од 2012г. АД ЕСМ секоја година распишува конкурс за стипендирање на 30 нови студенти од државните универзитети, со годишна стипендија од 60 илјади денари.

На тој начин, АД ЕСМ, како општествено одговорна компанија, помага во продуцирање кадар, особено од областа на електротехниката, машинството и информациските технологии.

More from ВестиMore posts in Вести »