Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: денес се изведе масовна акција за чистење и дезинфицирање

На иницијатива на градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, во текот на денот се изведува масовна акција за чистење и дезинфицирање во градот.Акцијата ја изведуваат битолските јавни претпријатија, со своја опрема и вработени лица, под координација на ЈП „Комуналец“ – Битола.Во основните училишта и градинките во Битола, покрај чистењето, се вршеше и дезинфекција на објектите, дворовите и приодите, со механизација и грбни рачни пумпи за дезинфицирање.Вработените во ЈП „Комуналец“-Битола  ја чистеа дивата депонија во населба “Стрелиште“ со механизација, односно “боб-кет“ и камиони.Во акцијата се изврши чистење и на Градското шеталиште, вклучувајќи го и просторот околу бистите, како и самите бисти на паднатите борци. Се собираа лисјата, органскиот отпад, а вработените од ЈП „Комуналец“ со посебни средства ги чистеа бистите и просторот околу нив. Со цистерната се изврши миење на шеталиштето.