Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола убав есенски ден, сончево со умерена облачност

Денес, недела, 11 октомври, во Битола, времето, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 22°С.

Утре, понеделник, 12 октомври, во Битола, времето ќе биде претпладне сончево со умерена облачност. Попладне, а особено во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 22°С.

More from ВестиMore posts in Вести »