Press "Enter" to skip to content

Лош ден за Битола, двајца починати и 12 новозаболени од ковид-19

Денес во Битола, за жал, се регистрирани двајца починати од ковид-19, но и голем број на заболени.

12 битолчани се новозаболени од корона вирус, а оздравени се двајца пациенти, а се работи за лица на возраст од 2 месеци до 79 години, а пет од нив даваат податок за контакт со веќе позитивно лице.

Во болницата во Битола, на инфективното одделение се хоспитализирани 27 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Инаку, во последните 24 часа се направени 1.648 тестирања, а регистрирани се 383 нови случаи на ковид-19, од кои дури 201 од Скопје.

Во болнички услови починати се 7 лица,  двајца пациенти од Битола на 60 и 79 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти од кои во Битола 2.

Досега во земјата се направени вкупно 207.891 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.937, бројката на оздравени пациенти е 16.194, на починати е 792, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.951.
More from ВестиMore posts in Вести »