Денес, понеделник, 12 октомври, во Битола времето, според метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде претпладне сончево со умерена облачност. Попладне облачно со врнежи од дожд, а можно е да бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Температурата до 22°С.
Утре, вторник, 13 октомври, во Битола времето ќе биде претпладне облачно со врнежи од дожд. Попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови. Температурата до 22°С.






