Денес според информациите на Министерството за здравство денес има нов дневер рекорд на новозаболени од ковид-19, вкупно 535, а во Битола 13. Во Битола има и 10 оздравени пациенти.
Инаку, од здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 2.445 тестирања, а регистрирани се 535 нови случаи на ковид-19, кои најмногу во Скопје 277.
Во болнички услови починати се 6 лица, од кои и пациенти од Битола на 66 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 214.235 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22.170, бројката на оздравени пациенти е 16.758, на починати е 815, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.597.






