Директорката на Клиничката болница во Битола, Билјана Гагачовска, денес одржа брифинг со новинарите за состојбата на инфективното одделение при што рече:
-На инфективното одделение во Клиничката болница во Битола има 39 хоспитализирани лица, а за жал на поголемиот дел од пациентите состојбата им е многу тешка и имаат перманентна кислородна поддршка. Останатите се со средно тешка кон тешка состојба.
За исполнетоста на капацитетите на Инфективното одделение, кое е и регионален ковид центар, Гагачовска додаде:
-Капацитетот се уште не е целосно пополнет има празни места, а доколку се влоши состојбата раководството на болницата има и планови за понатаму.
За тоа како работи медицинскиот кадар вели:
-Медицинскиот кадар е изморен, работи девет месеци без прекин од појавата на пандемијата. На инфективно не се само инфектолозите, таму с пнеумофтизиолозите, а вклучени се и интернистите. По принципот на ротација поради зголемената бројка вклучене се и медицински сестри од другите одделенија кои ротираат.






