Press "Enter" to skip to content

Одбележан Светскиот ден за миење раце со делење на средства за дезинфекција

Комисијата за здравство на ОО на СДСМ -Битола, денес го одбележа Светскиот ден за миење раце, а претседателката на Комисијата, Билјана Гагачовска по тој повод рече:

-Светскиот ден за миење раце е одличен повод за подигнување на свеста за важноста и ползата од миењето на раце, затоа што денес чистите раце спасуваат живот. Зошто треба да ги миеме рацете? Рацете се најизложениот дел од телото на микроорганизми. Миењето раце претставува најефикасна и најефтина мерка за превенција од различни болести кои се пренесуваат преку контактен пат и кои секоја година земаат милиони животи.Денес кога живееме еден од најтешките периоди во поновата историја, со миењето раце не го штитиме само личнот, туку и јавното здравје, а со тоа им помагаме на здравствените работници и им покажуваме почит. Постојаната хигиена е неопходна како превентивна мерка, мерка која апсолутно локалната власт ја почитува и применува преку постојана дизинфекција на основните и средните училишта, градинките, јавниотпревоз.

Буџетот на Владата предводена од СДСМ кој е одвоен за здравството го прави здравствениот систем подготвен за есенскиот бран. Имаме план за реорганизација на болничките капацитети и кадар за да одговориме на предизвикот. Добра вест е и одлуката на Владата за набавка на вакцини за Ковид-19 преку КОВАКС механизмот кој обезбедува глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација. Сега е потребно разбирање, совесност, заедништво и сериозна поддршка од сите граѓани. Уште еднаш апелирам ДА ГИ МИЕМЕ РАЦЕТЕ, ДА НОСИМЕ МАСКА, ДА ДРЖИМЕ ДИСТАНЦА. 

More from ВестиMore posts in Вести »