Press "Enter" to skip to content

УКЛО преку економскиот факултет со истражување за влијанието на ковид-19 врз малите бизниси

Економскиот факултет Прилеп, единица на УКЛО во Ковид услови одбележува голем
јубилеј, 60 години постоење. Во нови околности и видоизменети услови Факултетот е
горд на значајната годишнина и прилагоден кон новата ковид реалност јубилејните 60
години ги дочекува во нови, променети услови.

Прв од неколкуте настани во рамки на одбележувањето е промоцијата на истражувањето
„Влијанието на Ковид -19 пандемијата врз малите и микро бизнисите во старата прилепска чаршија„  што дополнително ќе се објави во меѓународна научна публикација.

Станува збор за истражување од проектен тим експерти од Факултетот, чија цел е евалуација на влијанието на економската криза врз бизнисте во старата прилепска чаришја, во соработка  со Регионалната занаетчиска комора Прилеп. Проектниот тим
професори го сочинуваат: д-р Илија Христоски, д-р Tатјана Спасеска, д-р Драгица
Оџаклиеска и д-р Коста Сотироски.

Деканот на Економскиот факултет – Прилеп, проф, д- р Драгица Оџаклиеска осврнувајќи се кон одличната соработка со стопанството што се остварува традиционално и во континуитет, оценува дека овој вид соработка е особено значајна во контекст на стекнување на емпириски знаења и искуства на студентите од една страна и трансфер на теоретските знаења во практиката, од друга страна, бидејќи истата се реализира преку повеќе форми коишто опфаќаат: стручни предавања на претставници од бизнис секторот, организирање на практична работа на студентите, понуда на консултантски и експертски услуги на деловните субјекти, организирање на обуки според потребите на бизнис заедницата, спроведување на заеднички научно истражувачки проекти и сл.Најновото истражување „Влијанието на Ковид -19 пандемијата врз малите и микро  бизнисите во старата прилепска чаршија„ според деканот Оџаклиеска, претставува уште една потврда на успешна соработка, во конкретниот случај со Регионалната занаетчиска комора.

-Општо е познато дека пандемијата предизвика длабоки економски консеквенци во сите сфери на деловните активности Во овој контекст, особено се значајни оценките за степенот на влијание што пандемијата ги оствари во одделните сектори од економијата. Притоа, евидентно е дека таа предизвика сериозни негативни последици врз малите и микро бизниси.

Во реализацијата на истражување коешто ги детектира последиците од кризата врз работењето на малите и микро бизнисии во Старата прилепска чаршија, а во тој контекст и на локалниот економски развој, учествуваше и регионачната занаетиска комора чиј претседател, Корул Трпчески оценува дека „и покрај сите мерки малите бизниси како и одредени занаети не успеаа да го продолжат своето работење за што сведок се и
многубројните затворени дуќани во старата прилепска чаршија.

Кризата предизвикана од КОВИД-19 иницираше и процес на дигитализација во Република Северна Македонија (но и глобално) што ќе трае и ќе наметнува предизвици, но исто така ќе обезбеди и нови можности во економијата, образованието и во другите сфери на општеството. Главниот предизвик во овој поглед е да се осигура дека сите групи во општеството ќе имаат пристап и ќе имаат корист од процесот на дигитализација. Многу од компаниите се прилагодија на новонастанатите услови и во рамките на своите можности организираја онлине маркетинг како и онлине продажба што за малите и микро бизниси за повеќето ова е невозможна операција заради технички, финансиски и без соодветна наобразба за користње на истите.

Од аспект на намалениот број на занаетчии посебно од одредени занаетчиски занимања се наметнува потребата за брза реакција на образување на нови кадри што во формалниот што во неформалниот систем на образование, а од друга страна сите можности за учење или стекнување на вештини преку практично искуство (или во училишните простории или преку практична обука во компаниите станаа невозможни за реализација заради владините ограничувања. Имајќи го во предвид фактот дека не само ние туку и глобално се соочуваме со предизвиците наметнати од ковид кризата и непредвидливоста на нејзиното времетраење пред сите нас се наметнува потребата од зголемена меѓусебна соработка и помош со цел изнаоѓање на решенија за опстанок и ако е можен посакуван развој во сите области. Па се надевам преку вакви проекти ќе влијаеме на јавната мисла и анализите и резултатите ќе бидат имплементирани во наредните мерки кои би ги превзела нашата влада за колку што е можно повеќе да ги неутрализираме негативните ефекти од ковид пандемијата“.

Професорот Коста Сотироски од име на проектниот тим го претстави истражувањето за „Влијанието на Ковид -19 пандемијата врз малите и микро бизнисите во старата прилепска чаршија„.

Презентирани се бројни научни согледувања и хипотези при што, како недвосмислени се неколку битни заклучоци меѓу кои дека: Ковид кризата го намали бројот на вработени, предизвика намалување на прометот и добивката на фирмите и воедно ја зголеми загриженоста за опстанокот на бизнисите во прилепската чаршија.

Покрај ова, Факултетот со уште неколку манифестации го чествува и со гордост го одбележува шест деценискиот развој. Ќе биде поставена трајна изложба од фотографии  со коишто се прави пресек на шеесет годишната историја на Економскиот факултет, во сите области на неговото дејствување. Воедно, Факултетот ќе ги претстави и двата најнови броја од научното списание SERBЕ Southeast European Review of Business and Economic, како и два броја од факултетскиот гласник: Еквилибриум, посветени на стручни осврти и ставови на професори од овој факултет за мерките и политиките што треба да се преземат во услови на пандемија и најновиот број, посветен на големиот настан, 60 години Економски факултет – Прилеп.

More from ВестиMore posts in Вести »