Денес, петок 16 октомври, во Битола времето, според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои ќе престанат до пладне или рано попладне, но преку целиот ден ќе има зголемена облачност. Ќе дува умерен јужен ветар. Температурата во Битола до 23°С.
Утре, сабота, 17 октомври, времето во Битола ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 19°С.






