СВР Битола поднесе кривична пријава против четворица битолчани на возраст од 64, 61, 67 и 49 години, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и правно лице од Берово, управител на 40 години, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во текот на 2016 и 2017, прво, второ, трето и четвртопријавениот ја искористиле службената положба и ги пречекориле границите на своите овластувања, изготвиле и потпишале документација (приемници за сеча, дотур и испратница) во кои било наведено дека дрвната маса потекнува од оддел 65-а, во ШСЕ „Кајмакчалан“, меѓутоа по извршената контрола на терен од стручна екипа од внатрешната контрола од Јавното претпријатие од Скопје, се констатирало дека на оддел 65-а воопшто не била извршена сеча и дотур на техничко дрво.
На тој начин пријавените на правното лице му обезбедиле за себе да прибави противправна имотна корист со лажно прикажување дека од нивна страна била извршена услуга, сеча и дотур на дрвна маса од оддел 65-а, преку издавање на фактури во 2016 и 2017 година, а на штета на ЈП Национални шуми во износ од 1.248.064 денари.






