Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола продолжува сончево со мала до умерена облачност и ладни утра

Денес, вторник, 20 октомври, во Битола времето според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата во Битола до 17°С.

Утре, среда, 21 октомври, во Битола времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер претежно од северен правец. Температурата во Битола до 18°С.