Press "Enter" to skip to content

Прес на СДСМ за обесштетување на индивидуални земјоделци од Битола и битолско

Владата предводена од СДСМ ќе исплати скоро 800.000 евра обесштетување на индивидуални земјоделци од Битола и битолско чии посеви беа погодени од град и поплава во јули и август годинава, рече на прес денес Методија Илиевски, раководител на подрачната единица за земјоделие од Битола, и додаде:

-Комисијата за проценка на штети од природни непогоди ја заврши својата работа, советниците дадоа поддршка за извештаите, а Владата во најскоро време треба да ги исплати средствата на сметките на оштетените. За невремето проследено со град во јули, Комисијата разгледа и прифати 171 барање на исто толку зејмиделци, направи увид на лице место на 681 парцела и определи отштета во вкупна вредност од 44.651.605 денари. Со овие средства ќе бидат обештетени земјоделци во Кукуречани, Крклино, Карамани, Бистрица, Трново, Долно Оризари, Црнобуки, Горно Оризари, Крстоар, Брод, Жабени и Могила.

За градот и поплавата, пак, од август, Комисијата прифати барања за обесштетување на 14 земјоделци, изврши увид на 16 парцели и бара од Владата исплата на 4.088.000 отштета. Погодените стопанства се во Битола, Жабени, Оптичари и Логоварди. Или вкупно…Владата ќе ја надомести штетата од градот и поплавите на 185 земјоделци од Битола и битолско во вкупен износ од 48.739.605 денари, односно речиси 800.000 евра.

Со ова потврдуваме уште еднаш дека СДСМ останува партнер на земјоделците и во арно и во лошо.

More from ВестиMore posts in Вести »