Денес во Битола се регистрирани 10 нови позитивни лица на ковид-19, а лицата се на возраст од 22 до 84 години. Од нив две лица се од познат кластер, а останатите осум лица не даваат податок за контакт со регистрирано позитивно лице.
Со денешните позитивни лица во Битола има вкупно 500, активни има 159 случаи, а во болницата во Битола се хоспитализирани 43 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.
Во последните 24 часа се направени 2.634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на ковид-19.
Починати се 12 лица во болнички услови, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 143 оздравени пациенти од кои во Битола 3.
Досега во земјата се направени вкупно 229.246 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25.473, бројката на оздравени пациенти е 18.047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6.552.






