Press "Enter" to skip to content

Носителот во 5. изборна единица, Игор Дурловски, не е повеќе пратеник

Игор Дурловски, носителот на изботната листа во 5. изборна единица, каде е и Битола, на последните предвремени парлементарни избори, преку фејс-бук, објави дека го напушта Парламентот.

-Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат. Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас. Нека ни е честит денот на македонската револуционерна борба,  објави Игор Дурловски.