Денес, сабота, 24 октомври, во Битола времето според прогнозите на метеоролозите на Упрвата за хидрометеоролошки работи, ќе биде по утро со појава на магла по одделни котлини и претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува. Кон крајот на денот и во текот на ноќта променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Температурата во Битола до 21°С.
Утре, недела, 25 октомври, во Битола променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места врнежите ќе бидат пообилни проследени со ретки грмежи. Температурата во Битола до 18°С.






