Press "Enter" to skip to content

Форумот на пензионери, предлог на ОО на СДСМ Битола, усвоен на 25. Конгрес

-На 25. Конгрес на СДСМ, прв дигитален на една политичка партија во државава, усвоени се измени и дополнувања на Статутот на СДСМ, кои значат уште еден чекор напред кон поголема демократизација на партијата, унапредување на позициите на жените и младите во СДСМ и дополнително зајакување на партиските комисии, рече на денешната прес конференција портпаролот на ОО на СДСМ – Битола, Невена Димовска, која се осврна и на ново формираниот Форум на пензинери:

-ОО на СДСМ Битола е особено горда што новиот Статут на партијата предвидува формирање на уште едно, ново партиско тело – Форум на пензионери. Предлогот за
формирање на Форумот на пенизонери потекнува токму од ОО на СДСМ Битола, по низата средби со пензионерите кои до сега неформално делуваа низ нашата општинска организација, иако се значаен дел од општеството и од ткивото на СДСМ.

Форум на пензионери ќе има за цел да ги мотивира нашите највозрасни членови и да ги искористи нивните капацитети во градење на мерки и политики за унапредување на животот на пензионерите.

Со измените на Статутот, СДСМ станува првата партија во земјава, во регионот и една од ретките партии во Европа и во светот, која има целосна родова еднаквост и учество на мажите и жените рамноправно во своите органи и тела на партијата. Форумот на жени на СДСМ и Социјалдемократската младина на Македонија се регулираат како трајни и статутарно предвидени форми на организирање.

Претседателите на Форумот на жени и на СДММ ќе учествуваат во работата на извршните органи, со право на глас, на сите нивоа соодветно.

Следната пролет СДСМ ќе биде првата партија во нашата држава која својот претседател ќе го избира на директни внатрепартиски избори. Покрај слободата, еднаквоста и солидарноста кои се основни социјалдемократски вредности, како и демократијата како цивилизациска вредност, се додава и правдата, како основно обележје на трајната посветеност на нашата партија.

Се воведува и Кодекс на однесување на СДСМ. Вредностите, програмските принципи и начела на партијата ќе бидат заштитени со Кодекс на однесување на членовите на СДСМ.

More from ВестиMore posts in Вести »