Во Националната универзитетска библиотека – Битола се одржа Првиот стручен собир на библиотекари од факултетските библиотеки, а темата на собирот беше „Организација и услуги на факултетските библиотеки на Универзитетот „Св. Климент Охридски Битола“ – развој на библиотечната дејност“. На собирот учествуваа библиотекарите од факултетските библиотеки на УКЛО и беа испочитувани сите процедури за организирање на настани за време на пандемија со ковид-19.
На собирот се укажа на стручноста на библиотекарите и потреба за користење на референтна литература на студенти и научни работници на Универзитетот, но пред се и на значењето на библиотечните сервиси на ниво на Универзитетот како и потполна препознатливост во средината.
На средбата исто така беа опфатени теми од организациската поставеност на факултетските библиотеки во интегриран универзитет, работа со библиотечната граѓа и корисници, управување со информации, автоматизација на библиотечното работење и изготвување на насоки за развој на библиотечната дејност што е од особено значење за евалуацијата, квалитетот и изведувањето на образовните програми на универзитетот.
Како посебен дел беа обработени темите за стручно усовршување на библиотечниот кадар и можности за стекнување на стручни звања во струката.

Библиотекарите од факултетските библиотеки во Битола на струлен собир во НУУБ “Св. Климент Охридски“ (фото)
Предавачи на Собирот беа библиотекарите м-р Јелена Петровска и Лидија Мирчевска.
More from ВестиMore posts in Вести »
- Македонската филхармонија во Битола со концерт “Музички код“
- ЕХФ го најави денешниот натпревар на Еурофарм Пелистер
- Во Битола облачно и постудено со повремен дожд, температурата до 12 степени
- Игор Трајковски – Фоја: секое мое доаѓање во Рим открива нов слој од градот, но и од самиот себе (фотогалерија)
- Силни умови, храбри гласови, здрава иднина, работилница во Медицинско





