Press "Enter" to skip to content

Во Горната Гимназија промовирана книга и три комплетно нови училници (фотогалерија)

Во рамки на јубилејот 75 години од почетокот на настава на мајчин македонски јазик во Гимназијата во Битола беше промовирана публикација „Академиците од Битолската Гимназија“ чиј автор е адвокатот Никола Главинче и две комплетно училници со маси и столчиња кои се транспортирани и подарени од Техничкиот институт од Васербург, Германија.

Денес во гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола беше промоворана книгата „Народните херои и академици во Гимназијата Јосип Броз Тито“ од авторот Никола Главинче, адвокат и поранешен ученик во “Горната“.Како рече авторот Главинче, целта на публикацијата е да се афирмира податокот кој е своевиден феномен и реткост на овие простори – во едно училиште да матурирале толку голем број на академици вкупно18 и пет народни херои и рече:-Со оваа публикација воедно се претставени личните вредности и професионалните и општествените достигнувања на најзначајните ученици, кои својот живот го посветиле на општото добро и кои го достигнале врвот на професијата, за што потврда е изборот за членови во најзначајната научна и уметничка институција во државата. Со оддавањето на почит кон нив се истакнува нивното значење и вредност, но и значењето и вредноста на Гимназијата како образовна институција, која била базата за нивниот понатамошен успех, а со публикацијата се оддава почит за оние кои ги  положија своите животи за нашата и слободата на идните генерации, подвижен споменик за личностите кои со својата професионалност го унапредија и ги унапредуваат нашето општество, науката и уметноста.-Уверен сум дека ова е потсетник за длабоко врежаните вредности на еден град и едно училиште, начин да се заблагодариме за придонесот на училиштето во стекнувањето на знаење и градење на карактерот, инспирација за други иницијативи и афирмирање на вредности на други значајни институции и поединци, но и идејаи за пишување на нови публикации за Гимназијата, за нејзините ученици кои ги достигнале врвовите во медицината, правото, општествено-политичкиот живот, општествените науки, природните науки, уметноста, рече Главинче.Фани Наумовска, директор на Гимназијата покрај честитките за Главинче, кој бил и нејзин ученик, му посака и напредок на професионален план, а сака и ноговата фотографија да биде на ѕидот на академиците, а се осврна и на новите вложувања во Гимназијата.-Овие активности се поврзани со подобрување на условите во гимназијата “Јосип Броз Тито“. Во почетокот на годината кога беше опремена училница од страна на ЕСМ, а сега една училница и еден кабинет по информатика се опремени од печаницата “Киро Дандаро“, Ротари клубот и донација од Германскиот институт, а една училница опреми и Стопанска банка. Општина Битола обезбеди средства за набавката на мебел за четири училници и 5 телевизори што ќе значи целосно опремување на сите училници со телевизори. Вредноста на ивестицијата од Општина Битола е 300.000 денари за училиштен мебел и 100.000 денари за електронска опрема, а без вложени и 370.000 денари за набавка на компјутери, лаптопи и графички таблети кои го олеснаа процесот на настава, рече Наумовска.Образованите инстуитуции се најважниот елемент на општественото ткиво. Гимназијата “Јосип Брозт Тито“ била место, расадник на многу дејци и интелектуалци, местото кое од секогаш било синоним за стекнување на големи знаења и градење на квалитетни личности. Посакувам наскоро во сите училишта да се врати детскиот џагор, а од кризата се надевам дека ќе успееме да излеземе заедно посплотени зашто се она што денес го гледаме преку овој пример покажува дека заедништвото е најважно и само така можеме да одиме сите напред и да имаме прогрес, рече градоначалничката Наташа Петровска, која рече дека се планира и комплетно уредување на подовите во училниците, а и промена на дограмата, за што има обезбедено финансии, а се чека само дозволите од страна на Завод и Музеј, бидејќи зградата е споменик на културата.Главинче додаде и дека се надева со постојните вложувања и новите кои следуваат Горната Гимназија ќе биде и туристичка дестинација за сите намерници кои доаѓаат во Битола, со оглед на големата вековна историја која ја има.Сега Горната Гимназија име комплетно училници со маси и столчиња кои се транспортирани и подарени од Техничкиот институт од Васербург, Германија, а комплетно е опремен и кабинетот по Информатичка технологија со 25 компјутерски маси и 25 компјутери со дополнителни елементи, како и инвентар за кабинетот по информатика, за што придонесоа Ротaри клуб и АД „Киро Дандаро“.За оние кои помогнаа за Горната Гимназија беа доделени и благодарници, за Драги Милошевски од “Киро Дандаро“, Ротари клубот Битола, и “Интерворкс“.

More from ВестиMore posts in Вести »