Денес, петок, 30 октомври, во Битола, според прогнозите не метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне променливо облачно, ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Температурата во Битола до 16°С.
Утре, сабота, 31 октомври, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 16°С.






