Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес во 10 часот ја закажа 62. седница на Советот на Општината Битола, а повторно седницата ќе се одржи “он-лајн“ преку апликацијата “ZOOM“.
62. седница е закажана со следниот дневен ред:
1. Одлука за изведување/поставување на подземни садови за комунален отпад на територијата на Општина Битола кои не се предвидени со урбанистичко – планска документација
2. Измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година
3. Годишен План за вработување на ОЈУ Зоолошка градина Битола за 2021 година
4. Дополнување на План за вработување на ЈП „Пазари“ – Битола за 2020 година
5. Измена и дополнување на Ценовникот на ЈКП „Водовод“ – Битола за изведување на градежни и монтажни работи по програмата на Општина Битола број 02-349/1 од 05.06.2014 година
6. Ценовник за изведување на градежни работи на КЈП Нискоградба Битола за потребите на Општина Битола – канализациони PVC глатки цевки и елементи бр. 08-815/1 од 26.10.2020 година
7. Извештај за преземените мерки на Општина Битола за справување со КОВИД 19 во изминатиот период
8. Одлука за давање на трајно користење на товарно моторно возило за специјална намена (пајак) на ЈППЈЛП – Битола
9. Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор на ЈП „Комуналец“ – Битола.






