На денешната седница две точки го заслужуваат вниманието на пошироката јавност, рече пред почетокот на Седницата на Советот на Општина Битола, претседателот Валентин Груевски.
Првата одлука е за подземните контејнери во Битола кои ќе поставува ЈП “Комуналец“ а втората за намалување на комуналните такси до 15 април.
-ЈП “Комуналец“ започнува со еден процес за поставување на подземни контејнери низ градот, ќе се започне на просторот кај улицата “Васко Карангелевски“, а потоа ќе продолжи. Комуналната такса од 15 денари ја намалуваме на 5 денари за зимскиот период од 15 ноември до 15 април. Во тој период она што во минатото се плаќаше по 15 денари, сега ќе биде 5 денари од метар квадратен. Тоа ќе биде помош за угостителите и за сите оние што продаваат и надвор, во оваа економска криза поради пандемијата, рече Груевски.






