
-Во Битола, како и многу години наназад, во 2010 година, точно на денешен ден на 8 ноември, во Домот на културата се одржа Државното првенство “Атлета на Македонија, на кое настапија боди-билдери во машка и фитнес натпреварувачки во женска категорија, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битослкото новинарство.
-Во таа 2010 година и годините пред и потоа бев, заедно со неколкумина битолчани, Сашо, доктор Трајче, Нове, дел од тимот на Пеце Котевски, кој во тоа време ги постигна најголемите успеси во овој спорт надвор од Битола и го следев и на ова натпреварување. Во мојот бележник имам запишано дека било одлично организирано, а повод да биде во Битола, бил јубилето на боди-билдинг клубот “Паљо“, и неговата “теретана“, 15 години постоење, вели Миновски.
Миновски додава и дека, претходно во Битола се одржало и Годишното собрание на ББФФМ , а организатор на државно првенство во бодибилдинг, фитнес и боди-фитнес биле ББФФМ и ББК “Паљо“ од Битола.
-Вкупниот награден фонд изнесуваше 100.000 денари, а секако нашите билдери од Битола, Пеце Котевски и Зоран Лазаровски – Паљо беа во центарот на внимание на битолската публика која ја наполни Големата сала на Домот на културата, се присеќава Миновски и додава:
-На ова државно првенство во Битола големо внимание предизвика и натреварувањето во карегоријата фитнес и боди-фитнес за жени, а според мојата евиденција вакво натпреварување се одржа за прв пат во Битола. Но, за прв пат се одржа и натпревар во подигнување на тежина, “бенч“ како имам запишано, а натпреварувачите подигнаа повече од 200 килограми.
Низ фотогалерија во пренесуваме дел од амтосферата во Битола во 2010 година, и потсетување во каква билдерска форма беа нашите два натпреварувачи, Пеце и Паљото, кои беа победници во своите категории, но не беа прогласени за атлета на Македонија.











