Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: во Битола на денешен ден заврна снег и започнаа студени денови (фотогалерија)

-Деновите пред крајот на годината во Битола немаше голем број на настани кои ќе останат во некои новинарски бележници, бидејќи се е подредено на престојните новогодишни и Божикни празници, па затоа за средината на декември во 2010 година, немам забележани некои поседни случувања, но ќе се задржам на времето, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-На денешен ден, на 13 декември, во Битола заврна снег, а потоа започнаа ниските температури. Во, денот коега е најмал, на Св. Варвара, на 14 декември, во 2010 година сме имале ниски температури кои за задржале подолг период, вели Миновски.Преку фотографии ќе се потсетиме за тоа какви беше времето кон средината на декември во 2010 година, како беше низ Широк Сокак, кај Саатот, на Дулие на влезот во Битола кај “Лук Оил“, како беше низ Баирот низ тесните улички, како беше во РЕК “Битола“…Миновски се осврна и за тоа што кажува статистиката за студените денови во Битола и вели:-Во 1967 Битола го преживеала најстудениот јануари, кога ниските температури под нулата се задржале цел месец, односно дури 31 ден. Кога станува за дневно најладни денови во 1979 забележани се -28 степени, а во 2005 дури -30 степени. Најново, на кое сите се сеќаваме, пред три години е студот во 2017 година, кога студот беше скоро цел месец, а сите добро измрзнавме, со проблеми со греење и со возилата. Кога зборуваме за снег, мора да се спомене 1983 година, кога наврнаа 84 сантиметри снег.-Но, да не заборавиме дека оваа година на почетокот на 2 април заврнаа 55 сантиметри снег во Битола, со температура околу 0 степани, а битолчани кои имаа дворови го чистеа снегот неколку дена по ред, за време на карантинот и ограничувањето на движето, вели Миновски, кој за крај рече:-Едно во тие денови кога е “кочан“ ладни, со сињаци, со студ, е позитивно за нас, граѓаните на Битола, што поради инверзијата на температурата, во Битола да има многу ниски температури, а на Пелистер да грее сонце, па затоа многумина бегаат од битолскиот сињак на планините околу градот, а некаде кај Трното -Магатево е сончев рај.

More from БитолаMore posts in Битола »