Компанијата “Ангромаркетинг“ во Битола продолжува со својот разјов, а утре во 11 часот свечени го отвора новиот супер маркет кој се наоѓа во поранешната административна зграда на “Транскоп“ Битола, на излезот од Битола, кон Грција.
Според зборовите на Билјана Лазаревска, комерцијален директор на „Ангромарекети“ новиот супер маркет има површина од 800 м2, а битолчани од вој дел на Битола, како и сите намерници ќе можат тука да најдат и да купат повеќе од 20.000 производи.
-Палетата на производие голема, тука има се што и треба на секое семејство, почнувајќи од храна, пијалоци, хемиски производи, производи кои се потребни за одржување на домот (бау маркет)…, вели Лазаревска.
Супермаркетот на “Ангромаркетинг“ на купувачите им нуди и сопствен паркинг простор, кој ќе се користи бесплатно.
Во наредните денови ќе има и акција на сите прозводи од сопствено производство на “Ангромаркетинг“. Ќе има промоција на новиот леб “Жито Битола“, а по поволни цени можат да се купат и новогодишни пакетчиња за најмалите.

Кај “Транскоп“, 10. по ред маркет на “Ангромаркетинг“ во Битола, на 800 м2 со 20.000 артикли (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Нови спортски терени во “Тодор Ангелевски“ во Горно Оризари
- Во рамки на УКЛО КОЛОРС меѓународен настан – колабораториум
- Земјоделското училиште “Кузман Шапкарев“ – Битола со интерактивен отворен ден “Агро-Фест
- КИЦ го објави јавниот повик за Битфест 2026
- СВР Битола: се степале комшии, физичка пресметка со повреда, битолчанец возел без возачка
More from КомерцијаMore posts in Комерција »










