На 10.05.2026 во 15:30 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Леринска“ во Битола настанала физичка пресметка помеѓу И.Ш. (33) и М.А. (35), двајцата од Битола, по што И.Ш. со остар предмет му нанел расекотина на М.А.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 10.05.2026 во 11:00 часот на ул. „Љубојно“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.С. (19) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко возило „пежо” со битолски регистарски ознаки, управувано од М.С., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.






