Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски за денес во 10 часот ја закажа 66. седница на Советот на Општината Битола која ќе се одржи “он-лајн“ преку апликацијата ZOOM.
За денешната седница се предложени 23 точки на дневниот ред, а советниците ќе расправаат за осветлувањето, комунални објекти, градежното земјиште, урбанистички планови, за организацијата на потрошувачите, за деловникот за работа на Советот…
Комплетниот предложен дневен ред:
1. Програма за одржување комунални објекти и инсталации, локална патна мрежа и улици во Општината Битола за 2021 година.
2. Програма за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општината Битола за 2021 година.
3. Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општината Битола за 2021 година.
4. Програма за измени на Програма за развојни планови на Општина Битола за периодот од 2021 до 2023 година.
5. Програма за финансирање на изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола за 2021 година.
6. Програма за животната средина за 2021 година.
7. Оперативен план и програма за спроведување на превентивна систематска дератизација на канализациониот систем, јавна депонија Мегеленци, дивите депонии и ѓубришта на Општина Битола во 2021 година.
8. Оперативен план и програма за контрола и уништување на комарците на територијата на Општина Битола за 2021 година.
9. Програма на Општината Битола за култура во 2021 година.
10. Програма за јавни дејности (образование) во Општина Битола за 2021 година.
11. Програма за активностите во областа на спортот и младите во Општина Битола за 2021 година.
12. Програма за социјална заштита во општина Битола за 2021 година.
13. Програма за економски развој во Општина Битола за 2021 година.
14. Програма за еднакви можности 2021 година.
15. Програма за туризам во Општина Битола за 2021 година.
16. Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Битола за 2021 година.
17. Извештај за реализација на Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Битола од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.
18. Програма за заштита на потрошувачите на Општина Битола за период 2021-2022 година.
19. Одлука за продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработка помеѓу општините Битола, Ресен, Демир Хисар , Могила и Новаци за учество во финансирањето на Регионалниот ресурсен центар за слепи лица и лица со оштетен вид за општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Новаци и Могила – Битола.
20. Одлука за продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Битола и Општина Могила.
21. Одлука за продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Битола и Општина Новаци.
22. Измена и дополнување на Деловникот за работа на Советот на Општина Битола.
23. Решение за формирање Комисија за изработка на Програмата за работа на Советот на општината Битола за 2021 година.






