Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2366 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 15.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 450 оздравени пациенти од кои во Битола се 34, во ЦЈЗ Битола се направени 64 тестови.
Со денешните бројки заклучно со денес во Битола досега има 3009 позитивни на ковид-19, а активни се 543 случаи.
Починати се 15 лица од кои двајца пациенти од Битола на 70 и 56 години во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82794, бројката на оздравени пациенти е 60706, на починати е 2488, а бројот на активни случаи изнесува 19600.
Направените 2366 теста се преку: ИЈЗ-426, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена-245, Биотек-181, МАНУ -142, Жан Митрев (Филип Втори)-109, Систина со PCR метода -183, лабораторија Лаор –42, Судска медицина-7, Инфективна клиника-2, ГАК-8, Синлаб-29, Ремедика-11, лабораторија болница Козле-16, ЈЗУ (рапид тест) -845, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 399.163 тестирања на Ковид.






