Според официјалното соопштение на кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола за нов претседател е избран Јован Кузмановски, кој на оваа функција доаѓа откако Бојан Давков се повлече од функцијата претседател поради лична одлука.
-Сакаме пехар за битолчани, сакаме полни трибини. Ги сакаме „Чкембари“ со нас на натпреварите, со нивното навивање Пелистер го носат напред. Ќе се трудам на овој тим да им всадам победнички дух, дека можеме секаде да победуваме, изјави Кузмановски.
Јован Кузмановски е познат кошаркарски работник и бил е дел од тимот “3X3 Битола“ кој успешно се натпреваруваше во баскет 3х3 на меќународни натпревари, и доаѓа со јасна визија за финансиска стабилност и спортски резултати. Со него раководството го сочинуваат спортскиот директор Предраг Созовски и тренерот Тане Спасев.









