Јавното претпријатие “Стрежево” од Битола, деновиве ги заврши сите превземени чекори за успешна и континуирана скијачка сезона, која следуба, а нивните очкеувања се дека оваа престојна зимската сезона ќе се одвива непречено со почитување на протоколите и мерките во услови на пандемија.
Ски-центарот со кој стопанисува “Стрежево“ од Битола веќе располага со негувани скијачки падини, во кои е вложено во уредувањето, опремувањето, со посебен акцент на обезбедувањето и редот на ски-центарот, како и на сите други прашања што се значајни за користење на скијалиштето.
-Скијалиштето кое се наоѓа на 15-тина киломеатри од Битола е уредено на начин што ги задоволува условите од аспект на зачувување и заштита на животната средина, како и соодветните санитарно- хигиенски услови. Скијачкиот центар е целосно подготвен и екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените. Спроведени се редовните технички подготовки и активности за почеток на новата ски-сезона, извршен е редовен сервис, променето е влечното јаже, изјави директорот на “Стрежево“ Менде Граматковски.
Од ски-центарот упатуваат апел до граѓаните кои ќе го посетуваа да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од COVID -19, односно задолжителна дистанца од 1,5 до 2 метри пред билетарниците, чајџилницата и ски-лифтовите сè со цел да имаме сигурна дестинација и спречување на внесување и ширење на коронавирусот.
-Го очекуваме снегот на волшебното планинско царство, мирисот на снегулките и сите заедно со душа да се насладуваме на прекрасната зимска идила. Се надеваме на магична зимска бајка во периодот што следи и сите заедно да започнеме успешна скијачка сезона во новата година, истакнуваат од ски-центарот “Стрежево“.

Ски-центарот “Нижеполе” подготвен за новата скијачка сезона, се чека само снегот (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Трио „Интерарт“ со настап на фестивалот „Златна лира“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени
- Македонската филхармонија го изведе “Музички код“ во Битола (фотогалерија)
- Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола
- Нов претседател на КК Пелистер е Јован Кузмановски





