Во СВР Битола било пријавено дека на Булеварот “1 Мај“ во Битола, патничко возило “бмв 525“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 63 годишник од село Рамна, удрило во паркирано патничко возило „мицубиши“, со битолски регистарски ознаки.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.






