Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1662 тестирања, а регистрирани се 536 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 29.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 741 оздравени пациенти од кои во Битола се 25 пациенти.
Со денешните бројки во Битола до сега има или се позитивни на ковид-19 се 3.037, а активни се 546 случаи, а денес во ЦЈЗ Битола беа направени 4 ковид тестови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83.329, бројката на оздравени пациенти е 61.447, на починати е 2.503, а бројот на активни случаи изнесува 19.379.






