„Насмевка на лицето, љубов во срцето. После овие желби две Новата година нека ви донесе најубаво СЕ. Среќни и исполнети детски денови ви посакува Општина Битола“.
Со ваква честитка и многу други едукативни пораки и мали слатки изненадувања, кловнот Заги, Мики и Мини Маус, Чејз, Елса, Принцезата Бел, придружувани од Дедо Мраз и Баба Мразица и Новата година низ Широк Сокак, внесуваат посебна радост во детските срца.
Ликовите од бајките, со своите подароци и приказната која ја носат со себе преку ликот кој го претставуваат, токму до детските срца ја пренесуваат желбата за победа на доброто над злото и радост за секое дете, токму онака како што и завршуваат најубавите бајки.
„Среќана Нова година, дечиња наши. Во Новата година ништо да не ве плаши. Здравје,
љубов, радост и смеа, среќни мигови да имате во неа“.
Со љубов од Битола.

Најмладите од Битола два дена се дружеа со своите омилени ликови (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Трио „Интерарт“ со настап на фестивалот „Златна лира“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени
- Македонската филхармонија го изведе “Музички код“ во Битола (фотогалерија)
- Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола
- Нов претседател на КК Пелистер е Јован Кузмановски





