Синдикалната организација при РЕК “Битола“ и оваа година продолжи со традиционалните донации по повод Новогодишните и Божикните празници, преку кои им ги честитаат празниците на децата кои се школуваат во специјализираните паралелки и дневните центри.
Претседателот на Синдикалната организација при РЕК “Битола“, Менде Фидановски, за овие донации рече:
-Оваа година како и претходните години ги посетивме институции каде се школуваат деца со посебни потреби, прво во ОУ “Ѓорѓи Сугарев“, потоа во дневниот центар за деца со оштетен слух и говор и “Полио Емануел“ од Битола. Ним им подаривме новогодишни пакетчиња, а мене и останатите посебни ни е мило што за време на овие празнувања израдувавме стотина деца и да им ги разубавиме Новогодишните и Божикните празници.
Синдикатот на РЕК “Битола“ како што не информира претседателот Фидановски, им додели новогодишни пакетчиња на 900 деца на вработени во Комбинатот, членови на Синдикатот, како и деца на лица кои работат во РЕК “Битола“ преку агенции за вработување.
С.Р.
[ngg src=”galleries” ids=”640″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






