Press "Enter" to skip to content

Центарот на Битола во последните часови на 2020 година (дрон фотогалерија)

Жителите на Битола, сите без исклучок, немаат убави спомени од оваа 2020 година која е на заминување, а до новата 2021 година не делат уште 3-4 часа.За жал во Битола, а и во другите места во државата, поради препораките на Владата овој пат нема да има организиран дочек на Новата 2021 во рестораните, кафулината, локалите, кафеаните, а ќе нема ни дочек со пријатели, роднини по домовите, се со цел да нема ширење на корона вирусот.Денес колку толку битолчани малку се опуштија по кафулината по Широк Сокак, а по затворањето на угостителските објекти по 18 часот полека се намалуваше и движењето по главната улица во Битола.Оние битолчани кои беа излезени се разделуваа со само една желба идната година да има само здравје, да поминат болештините, а конечно Битола по скоро една година да се врати на стариот стил на живот.Низ фотографиите направени со дрон низ центарот на Битола ви прикажауваме како изгледа празнична Битола, околу Саат куката, околу Безистенот, по Шорок Сокак, на “Магнолија“, пред “Веро“, пред Центарот за култура, пред “Епинал“.

Дрон-фото: Саше Богоевски

More from БитолаMore posts in Битола »