Хуманост е кога се дејствува спонтано.Хуманост е кога човек не бира ни луѓе,ни време. Хуманоста е таа која се појавува неочекувано и владее со ситуацијата и тогаш кога најмалку се очекувa. Таквата човечка димензија ги достигнува небесите. Тоа е човечноста, а пораката која ја упатија навивачката група “Чкембари“ кои по повод новогодишните и Боќикните празници донираа на неколку места.
-Човечноста овие изминати денови ја покажаа голем број хумани луѓе на нашиот град Битола, членови на групата и подгрупата, нашите браќа од далечната Америка и пекара Булевар кои донираа потребни прехрамбени производи за најзагрозените. Тоа се луѓе кои без обзир на тешката ситуација која владее изминатиов период, сепак беа повеќе од доблесни и донираа онаму каде што беше најпотребно, рекоа “Чкембарите“.
Од вкупно собраните средства беа набавени 30 новогодишни пакетчиња кои беа подарени во Домот за доенчиња во Битола, исто така беа набавени два телевизиори од кои, едниот беше дониран во детското одделение на Хирургија при клиничка болница Битола,а другиот телевизор беше подарен на социјално загрозено семејство, каде што исто така беа донирани прехрамбени производи и пакетчиња за децата.
-Се надеваме дека овај хуманитарен настан кој го организира “НОВА БИТОЛА“ ќе прерасне во традиција каде што ќе ни се приклучат и останати граѓани,па со заеднички сили ќе предизвикуваме нови насмевки и трошка надеж. Денешниот хуманитарен акт исто така е порака и до сите оние медиумски и партиски оцрнувачи на “Чкембарите“, ние не сме хулигани,наркомани или уличари,ЧКЕМБАРИ биле и ќе бидат бедем на општеството.






