Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 12 позитивни на ковид-19, оздравени 17, починато едно лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.619 тестирања, а регистрирани се 414 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола 12 позитивни на корона вирус.

Вкупно во Битоладосега има 3.049 позитивни на ковид-19, а активни се 540 случаи.

Во ЦЈЗ Битола се направени 60 ковид тестови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 496 оздравени пациенти од кои во се Битола оздравени пациент 17.

Починати се 7 лица, меѓу кои еден од Битола на 70 години во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83.743, бројката на оздравени пациенти е 61.943, на починати е 2.510, а бројот на активни случаи изнесува 19.290.