Во 8.58 часот, на свет дојде првото машко новороденче во Болница „Плодност“ во Битола во новата 2021 година, со родилна тежина од 3650 грама, долго 52 см. За помалку од два часа, поточно во 10.45 во болницата во Битола дојде на свет уште едно машко новороденче, со родилна тежина од 3460 грама, долго 50 см.
Дежурната екипа, во Плодност во Битола во состав д–р Владимир Поповскигинеколог-акушер, д-р Марика Мишиќ Илиевска педијатар, анестезиологот Васко Димитровски, медицинските сестри Фросина Талевска, Елеонора Џарлиева Ивановска, акушерката Александра Димовска, Жанета Веселица инструментарка и лаборантот Даниел Костевски, на висина на својата работна задача во овој прв ден од 2021 година, беа дел од најубавите новогодишни мигови на радост, среќа и успеси.
Директорот на Болница „Плодност“ во Битола прим. д-р Таше Трпчевски и менаџерскиот тим на Болница „Плодност“, упатуваат чаеститки до родителите и семејствата на новородечињата, со желби за добро здравје, среќа и радост, а за новороденчињата просперитетна иднина и големи животни успеси.

Две машки новороденќчиња во болница “Плодност” во Битола на почетокот на 2021 година
More from ВестиMore posts in Вести »
- Заврши првото издание на Винскиот фестивал во Битола, “Љубојна“ и “Паркети“ за одлична атмосфера (фотогалерија)
- Младите “пелистерци“ со два гола во завршницата во Битола го победија Куманово
- Утре “второ“ полуфинале во Битола, Стајиќ: сакаме реванш, па мајсторка нека одлучи…
- Пелистер во Битола со висока победа над Шкупи (фотогалерија)
- Соопштение на ЕСМ Молика: по инспекциските надзори во кујната на РЕК “Битола“ продолжува со работа





