Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола претежно облачно со врнежи од дожд

Денес, понеделник, 4 јануари, во Битола според прогнозите на матеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планина врнежите ќе бидат од снег со што ќе се зголеми снежната покривка. До крајот на денот врнежите ќе престанат. Температурата во Битола до 7°С.

Утре, вторник, 5 јануари, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата во Битола до 8°С.