Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.431 тестирања, а регистрирани се 580 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 23 лица позитивни на корона вирус.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 572 оздравени пациенти од кои во Битола се 26.
Според досегашните бројки досега во Битола има 3.077 лица кои се или биле позитивни на ковид-19, а активни се 482 случаи. Во ЦЈЗ Битола се направени 57 ковид тестови.
Починати се 9 лица, од кои еден пациент од Битола на 73 годишна возраст во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84.709, бројката на оздравени пациенти е 64.104, на починати е 2.559, а бројот на активни случаи изнесува 18.046.
Направените 2431 теста се преку: ИЈЗ-478, ЦЈЗ Скопје-47, Авицена-237, Биотек-205, МАНУ -159, Жан Митрев (Филип Втори)-166, Систина со PCR метода -200, лабораторија Лаор –60, Судска медицина-7, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-2, ГАК-20, Синлаб-44, Ремедика-23, лабораторија болница Козле-16, ЈЗУ (рапид тест) -710, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 407.539 тестирања на Ковид -19.






