Press "Enter" to skip to content

Започна поставувањето на објектите на модуларнот ковид центар во Битола

Откако беше подготвен теренот, започна поставувањето на модуларната болница во Битола, откако во Клиничката болница со товарни возила пристигнаа првите контењери, а денеска изутрина почна нивното монтирање на првото плато, која е лоцирана наспроти Инфективното одделение на Клиничката болница.

Во предвидениот рок од три недели, Општина Битола и битолските јавни претпријатија
беа активно вклучени во расчистување и рамнење на теренот, по што беше поставен
канализационен и водоводен систем од страна на КЈП „Нискоградба“ и ЈКП „Водовод“. На овие активности им претходеше вонредната седница на Советот на Општина
Битола, одржана на иницијатив ана градоначалничката Петровска, на која едногласно,
од страна на советниците, беше донесена Одлука за донација на 40.000 евра од
општинскиот буџет во вид на услуги и добра на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун
Пановски“ Битола за изградба на модуларна градба за вршење на здравствена дејност –
КОВИД центар.Денес, градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и директорката на Клиничката болница Билјана Гагачовска, извршија увид во теренските активности на поставувањето на објектите од Модуларнот ковид центар во Битола.

Модуларниот ковид центар во Битола  се реализира од страна на Министерството за здравство и Општина Битола, а се состои од 3 модуларни градби, од кои две наменети за интегриран тријажен центар со стационар и една модуларна градба со независен тријажен центар.