Press "Enter" to skip to content

Петар Николовски ново-стар претседател на Локалниот клуб на СДММ – Битола

Локалниот клуб на СДММ – Битола синоќа одржа Изборна конференција на која го потврди новиот мандат на старо – новиот Претседател, Петар Николовски. Во работата на конференцијата учествуваа 83 делегати и гости кои избраа и членови на Извршниот одбор и на Надзорниот одбор на ЛК СДММ – Битола.

На конференцијата, покрај Претседателот на ЛК СДММ – Битола, Петар Николовски, свои обраќања имаа и Претседателот на ОО СДСМ Битола, Златко Ќурчиевски, Градоначалникот на Општина Битола од редовите на СДСМ, Наташа Петровска и Претседателот на СДММ, Марко Михаилоски.