Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 416 оздравени пациенти од кои во Битола се 23 лица кои се оздравени од корона вирус.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1049 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, а во нив нема лица од Битола.
Заклучно со денешените бројки во Битола до сега има 3.096 лица кои се или биле позитивни на ковод-19, а во Битола активни се 430 случаи. Во ЦЈЗ не се правени ковид тестови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85494, бројката на оздравени пациенти е 66209, на починати е 2581, а бројот на активни случаи изнесува 16704.






