Денес, петок, 8 јануари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 14°С.
Утре, сабота, 9 јануари во Битола времето ќе биде променливо облачно, доцна попладне и кон крајот на денот ќе започнат врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата во Битола до 14°С.






